Дали сте запознаени со системот VSL PLUS што го поседува дигалката Hiab?

2015 година Hiab претстави нов револуционерен систем  во процесот на ракување со товар VSL PLUS – (Variable Stability Limit PLUS) со што е овозможено автоматско зголемување на самата носивост на дигалката во однос на стабилноста на возилото.

VSL PLUS системот практично значи мерење на оптоварувањето на сите 4 стабилизатори  со помош на сензори како и масата на товарот што е натоварен во сандакот со цел зголемување на носивоста на самата дигалка. Овој систем го штити ракувачот со дигалката, дигалката како и самото возило од преоптоварување, додека од друга страна автоматски ја зголемува носивоста на самата дигалка земајќи ја предвид вкупната тежина на камионот при пресметката на стабилноста.

Како тоа навистина функционира?

Со VSL PLUS системот е можно да се измери (со помош на сензори) реалното оптоварување на стабилизаторите. Поголемото оптоварување во товарниот сандак  значи и поголем притисок врз самите стабилизатори, што значи и подобра стабилност. Во сила стапува VSL PLUS системот кој овозможува дигалката да го надмине постојното ограничување на носивоста на самата дигалка и да овозможи подигнување на поголем товар наместо досегашната блокада поради преоптоварување.

Оваа функција е единствена за Hiab и претставува дел од секојдневното залагање на Hiab компанијата за натамошен развој на производите со цел зголемување на задоволството на своите клиенти.

Барање за производ