Вградба на хидраулични надградби на возила и камиони

Вградба на хидраулични надградби на возила и камиони

Комплетни решенија – од идеја до регистрација на возилото
Техника Хидраулике повеќе од 30 години успешно проектира, вградува и сервисира хидраулични надградби на сите видови товарни возила.

Благодарение на богатото искуство, обучениот стручен тим и соработката со водечки светски производители, во можност сме да понудиме комплетно решение – од изборот на соодветна опрема до завршна хомологација и регистрација на возилото.
Секоја вградба се изведува во согласност со техничките барања на производителот на возилото и надградбата, со почитување на сите важечки безбедносни и законски прописи.

Нудиме услуга на вградба на следните производи :
• Хидраулични камионски дигалки
• Шумски и рециклажни камионски дигалки
• Кипер сандаци- во народот познати како ,,кади,,
• Системи со кука и подигнувачи на контејнери (Hooklift и Skiploader)
• Хидраулични работни платформи- во народот познати како корпи за работа на луѓе на висина
• Камионски виљушкари- односно виљушкари што се вградуваат на камиони
• Подигачки рампи за доставни возила и камиони
• Останати хидраулични надградби и специјализирана опрема за камиони

Што подразбира нашата услуга?
Нашиот тим го презема комплетниот процес на вградба:
• Анализа на потребите на корисникот и избор на оптимална надградба
• Проектирање и подготовка на техничка документација
• Зајакнување на шасијата според барањата на производителот
• Вградба на хидраулични, електрични и пневматски инсталации
• Монтажа на надградбата и завршно подесување
• Функционално испитување и контрола на квалитетот
• Подготовка на документација за хомологација, атест и регистрација на возила
• Клуч во рака за корисникот
• Обука за правилно ракување, превентивно одржување, дневен преглед ....

Атестирање и регистрација
Покрај вградбата, вршиме испитување на преправени возила и хидраулични надградби, како и подготовка на комплетна документација за издавање стручен наод (атест), неопходен за регистрација на возилото и негово законско користење.
Нашиот стручен тим ве води низ целата постапка, со што го штеди вашето време и овозможува возилото да биде подготвено за работа во најкус можен рок.

Зошто Техника Хидраулике?
• Повеќе од 30 години искуство во областа на хидрауличните надградби
• Овластен застапник и сервис на реномирани светски производители
• Комплетна услуга на едно место – од проектирање до регистрација
• Вградба според фабрички стандарди
• Оригинални резервни делови
• Стручна техничка поддршка и сервис по вградбата
• Брза испорака и максимална доверливост

Без разлика дали опремувате едно возило или комплетен возен парк, Техника Хидраулике ви обезбедува доверливо, безбедно и долготрајно решение што одговара на вашите деловни потреби.

Барање за производ