Со што и да се занимавате, Вашата камионска дигалка за ракување со товар е постојано изложена на сурови временски услови, вода, песок, прашина и УВ светлина, а тоа драстично го зголемува ризикот од корозија и намалување на перформансите. Целосна заштита при сите временски услови!

HIAB нуди nDurance® - ефективна заштита на површината што претставува технолошки напредно боење на дигалки, засновано на нанотехнологија во посебни комори под притисок, со цел секој дел од камионската дигалка, од сите страни, да биде целосно квалитетно покриен со заштитен слој.

Процесот на боење HIAB - nDurance® започнува со нанесување на заштитен слој против корозија, заснован на нанотехнологија, што создава штит околу сите површини на камионската дигалка, вклучувајќи ги внатрешните делови на секој конструкциски дел, како и подрачјата до кои обично тешко се стигнува и остануваат незаштитени.

Потоа следи процесот HIAB - lacquer polymer coating – во кој позитивно наелектризираните делови се потопуваат во негативно наелектризирана течност, каде што се постигнува најквалитетното боење на Вашата дигалка за ракување со товар.

Следи премачкување со прашок (HIAB - powder coating) што се применува во строго контролирани услови.

Сето ова придонесува HIAB дигалките за ракување со товар да имаат долготраен, сигурен и врвен квалитет со високи перформанси













