ZEPRO ZT 200/250 Mk2 подигачка рампа за приколки
ZEPRO ZT 200/250 Mk2 е лизгачка подигачка рампа за тешки услови на работа, со еднократно преклопна платформа, за приколки и полуприколки – со носивост 2000 и 2500 kg.
ZEPRO ZT 200/250 Mk2 е лизгачка (повлечна) подигачка рампа за тешки услови на работа, со еднократно преклопна платформа, наменета за вградба на приколки и полуприколки. Достапна е во носивост од 2000 и 2500 kg.
Пластифицираната рамка од челик со висока цврстина, цилиндрите заштитени од корозија и новиот електронски управувачки систем ја прават совршен избор за тешки возила. Лизгачкиот систем го придвижува хидрауличен мотор со два верижни запченика, за мирна работа, а вградената хидраулична единица ја сведува бучавата на минимум и ги штити осетливите компоненти.
- Преклопна алуминиумска платформа со пружина – мала тежина и лесно рачно ракување
- Slimline изведба за максимален клиренс на возилото
- Височина на подигнување до 1510 mm, платформа со ширина до 2400 mm
- ZEPRO Clearoil филтер – чисто масло и помало абење на хидрауликата
- Ограничувачи за товар на тркала (Rollstops) и предупредувачки светла
| Технички карактеристики | ZT 200-135 | ZT 200-155 | ZT 250-135 | ZT 250-155 |
|---|---|---|---|---|
| Носивост (kg) | 2000 | 2000 | 2500 | 2500 |
| Платформа | алуминиум | алуминиум | алуминиум | алуминиум |
| Макс. должина на платформата (mm) | 1965 | 1965 | 1965 | 1965 |
| Макс. ширина на платформата (mm) | 2400 | 2400 | 2400 | 2400 |
| Височина на подигнување (mm) | 1330 | 1510 | 1330 | 1510 |
Детални технички карактеристики за секоја верзија се достапни на барање.




