Грабилка за тули и опеки
Грајфер (грабилка) за тула и опека
Намената на грабилката-грајфер за тула и опека е разновидна.
Грабилката е изградена од посебен материјал што може да издржи големи тежински оптоварувања.
Предност на оваа грабилка е можноста за работа со тули и опеки дури и кога оваа стока не се наоѓа на палети уредно спакувана.
Оваа грабилка Ви овозможува работа во ограничен простор дури и од недостапна положба.
Постојат два вида грабилки, главната разлика е во начинот на затворање и отворање на челустите.
Првата грабилка има можност за паралелно движење, додека втората работи по принцип на ножични движења.
Изборот на грабилка најмногу зависи од потребите на самиот клиент, како и од начинот на работење.
Ние сме Ви на располагање за сите прашања и помош при изборот на соодветен алат.




