HIAB изврши преземање на EFFER дигалките

Официјално соопштение на корпорацијата Cargotec 06.11.2018 година во 09:30

Hiab, дел од компанијата Cargotec ја заврши купопродажбата и официјално ја презеде компанијата EFFER S.P.A. од групацијата CTE. Потпишувањето на Договорот за преземање е извршено на 31 јули 2018 година.

За компанијата Hiab како глобален лидер кога станува збор за ракување и манипулација со товар, оваа аквизиција обезбедува значаен исчекор кога станува збор за производство на големи дигалки.

Effer компанијата со седиште во Минербио, Италија, со над 400 вработени, е реномиран производител на големи камионски дигалки, специјални надградби за камиони, како и посебно осмислени дигалки за поморска употреба, со посебен акцент на дигалки кои имаат носивост над 100tm. Продажбата и дистрибуцијата на Effer производите се врши со помош на мрежа од над 100 дилери во 60 земји на светот.

Припојувањето на Effer компанијата значи дополнително зајакнување на иновативниот и истражувачки центар на Hiab, проширување на портфолиото, проширување на мрежата на застапници и зголемување на компетентноста на Hiab. Комбинирањето на повеќекратните предности на Hiab и Effer компанијата ќе придонесе за континуиран раст и унапредување на производите, што ќе резултира со зголемено задоволство на купувачите.

Effer компанијата ќе продолжи да работи под својот препознатлив бренд и визуелен идентитет, користејќи ја својата веќе поставена мрежа на дилери.

Јоаким Андерсон – директор на HIAB компанијата наведува следново: ,, Денес ја имам честа и големото задоволство да им посакам добредојде на сите вработени во Effer компанијата и многу сум горд што имаме нов член на семејството Hiab. Со спојувањето на нашите брендови стануваме уште посилни и подобри! Нашите два бренда имаат запишано во ДНК кодот лидерство и исчекор кога станува збор за иновации. Немам никаква дилема дека со комбинирање на сите заеднички предности на овие два бренда ќе создадеме уште посилна компанија на глобално ниво!

Директорот на претпријатието Техника хидраулике ст д.о.о. господинот Саша Трајковиќ наведува дека купувањето и преземањето на компанијата Effer од страна на Hiab групацијата е голем исчекор кој ќе влијае на генерирање нови работи, зголемување на продажбата на хидраулични дигалки, особено кога станува збор за дигалки со голема носивост над 100tm. Со спојувањето на Effer и Hiab компанијата добивме можност да го прошириме асортиманот на производи и услуги и со тоа да ја обезбедиме позицијата на лидер и бренд на HIAB групацијата на територијата на Република Србија.

Техника хидраулике веќе 26 години ги застапува брендовите од највисок квалитет Meiller - кипер надградби, Socage и Cte - хидраулични платформи, Nooteboom и Hufferman – приколки, Hiab групација - камионски дигалки, подигнувачи на контејнери со кука и роло, дигалки за рециклирање, а сега имаме чест да му посакаме добредојде и на брендот Effer – наведува директорот на претпријатието, господинот Саша Трајковиќ.

 

Hiab дигалки
Effer и Hiab дигалки

Барање за производ