Техника хидраулике ст доо Ви со гордост ја претставува апсолутно бесплатната верзија на сервисот HiConnect !
HiConnect е веб портал кој им овозможува на купувачите на HIAB кои ги поврзале своите камионски дигалки на овој систем, да добиваат повратна информација за да ја подобрат безбедноста, да го следат начинот на користење на дигалката и истовремено да добиваат известување кога е време за редовен сервис врз основа на информации собрани од терен. Информациите се достапни во реално време, а до порталот може да се пристапи преку компјутер, телефон или таблет.

Бесплатната верзија на HiConnect овозможува пристап до основните карактеристики, како што се жива мапа на флотата дигалки каде во секој момент можете да видите каде е лоцирано Вашето возило, претстојни датуми на одржување врз основа на вистинската употреба, времето на работа на опремата и искористениот капацитет.
Покрај основниот пакет постои и можност за претплата на HiConnect PREMIUM! Овој премиум пакет овозможува подетален пристап и дава увид и во следново :
- како детално се користи дигалката/подигнувачот на контејнери, подигнувачот на контејнери со кука итн
- колку има работни часови
- точната локација на надградбата
- времето на следниот сервис
- точниот број на циклуси, односно операции што се извршени со дигалката, подигнувачот на контејнери со кука, подигнувачот на контејнери
- дали имало несовесно користење, преоптоварување или напрегање на самата дигалка
- sms / е-пошта информации
- детални извештаи поврзани со користењето и употребата на надградбата, дневни, неделни и месечни
- можност за мерење на товар (во самиот сандак на возилото, контејнерот ....
Без разлика на големината или секторот, сакаме да ги поттикнеме нашите купувачи да бидат попродуктивни, да имаат подобра контрола и увид во својот возен парк и истовремено да ги намалат непотребните застои а да ја подобрат безбедноста. Со подобар увид во самиот начин на користење, редовни сервиси како и правилно ракување истовремено добивате голема корист – подолг животен век на самото возило и надградбата !
Бесплатната верзија на HiConnect е одличен начин за обезбедување увид и податоци засновани на реални податоци.













