Безбедност и контрола при ракување со камионска хидраулична дигалка HIAB со само еден потег!

Склопувањето и расклопувањето на хидрауличната камионска дигалка секогаш вклучувало одредена доза ризик. До сега. Ви го претставуваме SAF!

Со помош на функцијата SEMI AUTOMATIC FOLDING -SAF секој ракувач може да ја врати хидрауличната камионска дигалка во транспортна положба, многу лесно, безбедно со зголемена контрола и намален ризик од оштетување на дигалката, возилото и можни повреди на ракувачот. Расклопувањето и склопувањето на дигалката се врши со помош на само едно, единствено контролно копче! Нема потреба од поединечно вртење и склопување на првиот па вториот лост што досега беше пракса.

SAF контролер

Ракувачите можат да ја склопат или расклопат камионската дигалка со многу помалку напор и ризик дури и во најтешки услови на работа. Ова директно влијае на зголемување на продуктивноста. Замислете колку време можете да заштедите и истовремено да го зголемите бројот на циклуси во текот на само еден работен ден со помош на оваа функција !

SAF контролер на снег

Сензорите вградени на дигалката ги надгледуваат сите движења на хидрауличната камионска дигалка што помага во заштитата на телото на камионската дигалка, хидрауликата на самата дигалка, заштитата на возилото и што е најважно заштитата на ракувачот како и на луѓето и предметите во самата зона на работа на дигалката.

SAF обезбедува правите движења да се одвиваат по однапред утврден редослед, што резултира со заштеда на време на ракувачот и истовремено зголемување на продуктивноста.

SAF значи помалку ризик од оштетување на конструкцијата на хидрауличната камионска дигалка како и помалку оштетувања на самата хидраулика на дигалката, со што се намалува можноста од настанување оштетувања на дигалката, евентуални застои во работата, слабеење на самите перформанси на дигалките како и дополнителни исклучувања на дигалките од работа поради неопходни сервиси. Замислете колку Ве чини секој ден во кој останувате без дигалка поради дефект на дигалката што настанал како последица на лошо ракување ! Честопати ваквите поправки траат и до 7 дена, зависно од оштетувањето ! Дури тогаш сопствениците на хидрауличните дигалки ја сфаќаат вистинската важност на правилната употреба и одржување ! За да ги избегнете сите овие проблеми потребно е да ја одберете SAF функцијата - која претставува можност за полуавтоматско склопување и расклопување на дигалката !

Со оваа функција и помалку искусните ракувачи стануваат вистински професионалци. Ова понатаму значи дека постои голема заштеда на време, а со тоа и повеќе завршена работа поради побрзото склопување и расклопување на хидрауличната камионска дигалка.

SAF функцијата е автоматски вклучена во опцијата Crane Tip Control – CTC која е достапна во Hi Pro варијантата на хидрауличните камионски дигалки. Подетално за тоа можете да погледнете овде:

Помош при контрола на движењето на камионската дигалка – CTC (crane tip control)

Достапно и одделно!

SAF функцијата е исто така достапна за додавање и на X type варијантите на хидрауличните камионски дигалки .

За повеќе информации можете да контактирате единствениот овластен дилер за HIAB камионски дигалки на територијата на Република Србија – Техника хидраулике ст д.о.о.

Барање за производ