JONSERED 2990SR индустриска дигалка за дрво
JONSERED 2990SR е најмоќната индустриска дигалка за дрво во оваа серија – за фиксна вградба и работа во најзахтевни услови, со хидрауличен дофат од 10,6 до 16 m.
JONSERED 2990SR е индустриска дигалка за дрвна граѓа за фиксна вградба и најмоќниот модел во оваа серија, проектиран за работи во кои другите попуштаат. Вообичаените задачи за неа се лесна работа, а доволно е моќна да ги подигне и најтешките трупци.
Иако моќна, останува окретна, со проверен JONSERED квалитет. Достапна е во три верзии, со хидрауличен дофат од 10,6 до 16 m и носивост до 7500 kg, со сопствена тежина од 3950 до 4590 kg.
- Носивост до 7500 kg во верзијата со дофат од 10,6 m
- Хидрауличен дофат до 16 m во најдолгата верзија
- Вртење со двојна запчаста летва – мирен почеток на вртењето, висок вртежен момент и сигурна работа и на наклон
- Краен амортизер – ефикасно го ублажува вртењето при приближување до граничната положба
- Вртливи спојници – подолг век на хидрауличните црева, помалку застои и пониски трошоци за одржување
| Технички карактеристики | 2990SR106 | 2990SR137 | 2990SR160 |
|---|---|---|---|
| Носивост (kg) | 7500 | 5300 | 3350 |
| Хидрауличен дофат (m) | 10.6 | 13.7 | 16 |
| Тежина на дигалката (kg) | 3950 | 4300 | 4590 |
Деталните дијаграми на носивост за секоја верзија на кракот се достапни на барање.


