Jeep Dolly и Interdolly нископодни приколки за дополнителен капацитет на оптоварување
Ви претставуваме Jeep Dolly и Interdolly нископодни приколки за дополнителен капацитет на оптоварување
За дополнителен капацитет на оптоварување и оптимална распределба на тежината, кај Nooteboom EUROTRAILER нископодните приколки постои посебна категорија под назив Jeepdolly или Interdolly.
Jeepdolly се закачува на предната страна помеѓу влекачот и гускиниот врат. Тоа ја прави оваа врста нископодни приколки совршено погодна за едноставно управување.
Додека Interdolly се закачува помеѓу гускиниот врат и самата товарна платформа. Кога Interdolly е директно поврзан со рамката на оската, приколката EUROTRAILER може да се користи како нископодна, но и како полу-нископодна приколка.
Ако EUROTRAILER (во комбинација со Jeepdolly или Interdolly) е она што го барате, добредојдени сте да побарате понуда.Изработката на понудата е секако целосно бесплатна. Заедно ќе го најдеме најдоброто решение што одговара на вашите потреби за превоз на различен вид опрема и машини. Кога ќе се најде техничко решение што е апсолутно единствено за секој клиент, тогаш клиентот навистина при секојдневното користење ќе оствари најголема можна дополнителна вредност за своето работење. Nooteboom води грижа за вас .


