ПРАВИЛНОТО РАКУВАЊЕ ЗАПОЧНУВА СО РАЗБИРАЊЕ НА РАБОТАТА НА ДИГАЛКАТА

 

HIAB хидрауличните дигалки се опремени со софистициран електронски систем и
програма која го бележи секое движење на дигалката, начинот на работа и нејзиното оптоварување. SpaceEvo
електронскиот систем на HIAB камионските дигалки ја следи нејзината работа, контролира определени функции и
му дава на ракувачот важни информации при ракување со товарот.
Но напредната технологија ја има својата целосна вредност само кога ракувачот знае како да ја
користи и што му говори дигалката.

Светилките, симболите и предупредувањата на контролниот панел не се таму без причина. Ракувачот треба да
ги следи информациите за работата и оптоварувањето на дигалката и правилно да реагира кога системот сигнализира
одредени ограничувања, најавува преоптоварување и доведување на дигалката во неправилна положба.
Предупредувањето не е нешто што треба да се игнорира или да се заобиколи – тоа е информација која му
дава можност на ракувачот да ги планира наредните чекори …

Подеднакво е важно и познавањето на правилната работа со далечинската команда. Таа не служи само
за подигнување, спуштање и поместување на дигалката. Му овозможува на ракувачот подобар преглед на работната зона,
следење на оптоварувањето на столбот на дигалката, првиот лост, вториот лост како и телескопските
наставки со помош на сигналните светилки на самиот далечински управувач. При обуката за
работа со хидраулична дигалка посебен сегмент претставува обуката за работа со далечинската
команда, разбирање на сите опции и можности како и што да се направи во случај на опасност.
Напредниот систем за управување овозможува и истовремено користење на повеќе функции, но целта не е
само да се стартуваат неколку команди истовремено. Искусниот ракувач знае како правилно да ги
контролира, да ги насочи така што како резултат ќе обезбеди мирно, прецизно и контролирано движење.

Затоа денес не е доволно само да се знае како се управува со дигалката.
Потребно е да се познава нејзината конфигурација, нивото на опрема, сите постојни сигурносни системи
кои се имплементирани и поставени, како се следи оптоварувањето, што значат предупредувањата и кои се
сите ограничувања/можности во работата. Наведувањето на самите ознаки SAF, SAV, VSSL на ракувачот не
значи многу доколку не знае како да ги искористи и што тоа за него во пракса значи.
Целта на секој корисник на хидраулична камионска дигалка е да се запознае со начинот на
функционирање на самата дигалка , целосно да ги користи сите нејзини перформанси, полесно да
препознава неправилности и да обезбеди правилна работа со опремата при секојдневната работа.
Во Техника Хидраулике затоа обуката на ракувачите не ја посматраме само како теорија, туку ја истакнуваме
важноста на практичната работа.

Ни е важно корисникот да го разбира системот со кој управува.
Затоа што технологијата може да следи, да предупреди и да помогне.
Но ракувачот мора да знае што му говори дигалката.
HIAB × ТЕХНИКА ХИДРАУЛИКЕ

Барање за производ