Сет за дупчење
Голем асортиман на сетови за дупчење, бургии наменети за карпеста, мека или мешана почва, како и соодветни хидромотори
Во понудата имаме голем асортиман на сетови за дупчење, бургии, како и припаѓачки хидромотори од реномиран италијански производител.
Сите сетови за дупчење се опремени со хидромотор во зависност од потребите и барањата на секој клиент.
При изборот на соодветна бургија важно е да се наведе дали ќе се користи за карпеста, мешана или мека почва.
Во зависност од видот на почвата за која се користи сетот за дупчење, се разликуваат и самите ,,заби” на бургијата, за да Ви ги олеснат секојдневните операции.
Самата бургија е составена од двојна челична спирала, како и од заменливи заби, кои по потреба многу лесно можат да се заменат.





