Ве потсетуваме дека, во согласност со препораките на производителот, а со цел безбедност, сигурност и подолг експлоатационен век, на Вашите средства е неопходно да се изврши редовен сервис, зависно од експлоатационите услови најмалку еднаш до два пати годишно.
Општи сервисни работи и преглед на дигалката со испитување што е неопходно да се извршат еднаш до два пати годишно :
- Контрола на зацврстувањето на дигалката на возилото
- Контрола на зацврстувањето на базата на дигалката со шасијата и столбот на дигалката
- Контрола на проодноста на извлечните делови на стабилизаторите и функционалноста на осигурувањето
- Зацврстување на стабилизаторите и вртливите делови
- Проверка на осигурачите на сите хидраулични цилиндри
- Проверка на сите прифатни точки на хидрауличните цилиндри
- Проверка на сите спојки на црева и цевки и проверка на приклучоците
- Проверка на лизгачите на телескопските лостови
- Проверка на притисокот по секции и функционалноста на управувачкиот разводник
- Проверка на исправноста на командните рачки на разводникот и распоредот на функциите
- Проверка на сите хидраулични цилиндри и состојбата на клипните шипки
- Проверка на хидрауличната пумпа
- Проверка на хидрауличниот резервоар, нивото на маслото, пристапноста на повратниот филтер и отворот за полнење масло
- Проверка на куката и осигурачот
- Проверка на далечинската команда и функционалноста на командата во различни режими на работа
- Проверка на механичките споеви
- Проверка на сигурносните вентили
- Замена на хидрауличното масло
- Замена на хидрауличниот филтер
- Миење и подмачкување на дигалката
- Проверка на дијаграмите на носивост
- Завршно испитување на дигалката со проверка на работните параметри
Кај дигалки со електронски систем:
- Дијагностика на електронскиот систем
- Бришење на грешки
- Калибрација
- Обновување на сервисниот интервал.












