Hiab XS 122 – вистинска дигалка за сите ситуации

Без разлика дали Ви е потребна дигалка за едноставно товарење и истовар на товар или Ви е потребна дигалка со исклучителна прецизност дури и на максимален дофат, дигалката HIAB XS 122 е вистинскиот избор. Осмислена  е така да биде секојдневен победник во рангот на дигалки со носивост од 9-12 tm, со што оваа дигалка може сама себе да се исплати многу брзо.

Оваа дигалка може да биде испорачана и со CL, DUO, HiDuo, Pro или HiPro контролни системи.

E – врска

Врската на првиот лост овозможува да се подигне поголем товар поблиску до столбот на дигалката, а врската на вториот лост овозможува подигнување на товар на поголеми височини. Врската на вториот лост не заоѓа под телескопот, така што не може да дојде до несакан контакт со товарот/објектите под телескопот.

Вртење со висок момент

Механизмот за вртење со голем момент, наменет за тешки работи, обезбедува ефикасни операции дури и на терени со нагорнина/наклон.

Вентил за сигурност

Вентилот за сигурност е вентил комбиниран од сигурносен вентил и вентил за заштита при пукање на црево, монтиран на цилиндарот

Црева сместени внатре

Црева за висок притисок се сместени внатре во столбот, заштитени од надворешни влијанија, што директно влијае на намалување на трошоците за одржување.

Бања во масло

Повеќето HIAB дигалки над 6 tm поседуваат систем за вртење сместен во бања со масло.

Ова го одржува системот за вртење во одлична состојба низ годините на користење, обезбедувајќи сигурност на дигалката при работа дури и во најзахтевни услови.

VSL

Благодарение на VSL функцијата, ракувачот може да го насочи целото внимание на управувањето со дигалката. Паметниот интерфејс на дигалката (SPACE) автоматски води сметка за стабилноста на возилото - карактеристика која значително ја подобрува безбедноста на ракувачот и на неговата околина.

Флексибилно позиционирање на цилиндрите

Некои телескопски наставки можат да бидат позиционирани над самите телескопи, како и од страна. Ова влијае на димензиите на самата дигалка и обезбедува полесен пристап до ограничени простори.

Шестаголен профил на телескопот

Шестаголниот профил обезбедува телескопите секогаш да бидат во совршен баланс, благодарение на својата форма и голема потпорна површина. Овој профил исто така го намалува извивањето на телескопите, што ги намалува трошоците за одржување а ја зголемува ефикасноста.

JIC спојки

JIC спојките се стандардни на повеќето HIAB дигалки. Тие овозможуваат брзо и сигурно поврзување, а и понатаму се многу едноставни за демонтажа или одржување.

Додатоци

Достапен е голем избор на додатоци за дигалката.

Овие додатоци Ви овозможуваат да спроведете многу различни операции со дигалката.

Големи лизгачи

Шестаголните профили на телескопот овозможуваат употреба на поголеми лизгачи.

Ова прави телескопите да се движат мазно и го намалува механичкото трошење на телескопите.

Барање за производ