Предности на MULTILIFT Futura skiploader

Новиот MULTILIFT FUTURA skiploader е потенок, полесен, а потврд во однос на својот претходник. Целосно редизајниран, при изработката е користена EvoLight™ челична конструкција (2600kg) која овозможува 300-500 kg поголема корисна носивост без компромис на цврстината и квалитетот на челикот.

Оперативни перформанси на MULTILIFT FUTURA

Новиот MULTILIFT FUTURA skiploader е потенок, полесен, а потврд во однос на својот претходник. Целосно редизајниран, при изработката е користена EvoLight™ челична конструкција (2600kg) која овозможува 300-500 kg поголема корисна носивост без компромис на цврстината и квалитетот на челикот. Тоа буквално значи дека можете да превезувате повеќе, а притоа да штедите на потрошувачката на гориво и да ја намалите емисијата на CO2 гас. Полесната челична конструкција ја намалува можноста од абење и оштетување при користењето на MULTILIFT FUTURA. Челични одливки се користени за зајакнување на чувствителните делови на конструкцијата, додека цилиндрите се оптимизирани за да ја постигнат највисоката можна работна брзина.

MULTILIFT SwanNeck™- Со неверојатна прецизност се закривени екстра долги телескопски раце , кои со својот изглед потсетуваат на лебедов врат, со што дополнително е зголемен зафатот на контејнерот, овозможено е полесно заобиколување на пречки со одржување на максимална стабилност.

Безбедност

MULTILIFT futura претставува апсолутен лидер кој со најновите иновации обезбедува максимална сигурност при ракување. Покрај хидрауличното запирање на контејнерот постои и хидраулично заклучување на контејнерот, со што дополнително е зголемена сигурноста при транспорт на контејнерот. Куката за истовар е опремена со пневматски сигурносен држач. Страничните и предните граничници на контејнерот се рачно приспособливи и имаат можност за заклучување. Со употреба на SkipTop™ системот, товарот автоматски се покрива со притисок на копче. На овој начин е надмината досегашната пракса во која ракувачите со контејнерот мораат сами да ја навлекуваат заштитната церада, да проверуваат дали е правилно поставена, дали постои можност за истурање на товарот итн. На овој начин дополнително е зголемена безбедноста како на самиот товар при транспорт, така и на ракувачот со контејнерот, со значителна заштеда на време. MULTILIFT futura може да биде испорачана со интегрирана, сертифицирана странична заштита од подлетување.

Управувачка единица - КОНТРОЛИ

FlexControl™ е модуларен систем кој има можност за лесно надградување. Опциите за надградба на системот се разновидни, почнувајќи од динамички систем за мерење на натоварениот товар, двобрзински режим на работа, зголемена брзина на истовар на товарот, сигурносно заклучување на контејнерот, систем за паметно и прецизно телескопирање на држачот на контејнерот и стабилизаторите. Управувачката единица вклучува контроли во кабината, радио контрола, контроли на надворешната страна како и комбинација од сите наведени. 

КВАЛИТЕТ

MULTILIFT опремата е осмислена и дизајнирана во согласност со европската Директива за машини. Сите MULTILIFT производи се интензивно тестирани како во лабораториски услови, така и на терен. По исцрпното тестирање на самата опрема во лабораториски услови, MULTILIFT се инсталира на возилото и тогаш започнува втората фаза на практично тестирање на MULTILIFT FUTURA. 

На сите делови на MULTILIFT futura се нанесува основа на база на цинк која спречува појава на корозија. Потоа секој дел се бои одделно за да се обезбеди правилно и рамномерно нанесување на бојата. 

MULTILIFT компанијата одржува исклучително високо ниво на квалитет на своите производи и сите делови и компоненти посебно се тестираат и испитуваат, поминуваат тест за квалитет, функционалност и издржливост. По овој тест, по метод на случаен примерок се земаат делови и на нив се врши дополнителна внатрешна проверка на квалитетот. На овој начин MULTILIFT компанијата го обезбедува највисокиот квалитет и стандард на своите производи.

Постпродажни активности   

Сите MULTILIFT futura подигнувачи на контејнери се вградуваат на возилото со помош на посебно осмислена шасија која значително ја намалува потребата од заварување на делови, на овој начин се обезбедува цврстина на деловите, се намалува можноста од корозија и се зголемува животниот век на самиот производ.  Лесниот пристап до секој од деловите на подигнувачот на контејнери е дополнителна предност. Упатството за ракување, упатството за сервис и одржување како и каталогот на резервни делови се достапни и во електронска форма.  Користењето на оригинални резервни делови како и вршењето на сервис исклучиво во овластени сервисни центри е дополнителен предуслов за долготраен животен век на производот. 

 

Барање за производ