Историјат
На IAA саемот во Хановер, покрај лансирањето и претставувањето на новите модели HIAB хидраулични дигалки, HIAB со гордост ја најави продолжената гаранција за сите типови HIAB дигалки. Оваа продолжена гаранција се однесува на сите HIAB кранови испорачани по 1 октомври 2016 година. Hiab на своите клиенти им нуди и 5 години гаранција на сите конструктивни елементи како и 2 години гаранција на сите компоненти на HIAB дигалката.
ПОЛИТИКА НА ГАРАНЦИЈА
Две (2) години гаранција

На сите компоненти, вклучувајќи боја, заптивки (надворешни и внатрешни), хидраулични црева, HIAB дава продолжена гаранција која важи до истекот на 2 години гаранција или искористениот број циклуси:
- 40000 циклуси на дигалката во S0, или
- 50000 циклуси на дигалката во S1, или
- 100000 циклуси на дигалката во S2, или
- 150000 циклуси во S3 и S4,
Важи до истекот на гаранцијата или поминатиот број циклуси.
Деловите кои подлежат на абење и кинење не се опфатени со гаранцијата : јажиња, елементи на повратниот хидрауличен филтер, акумулатори, лизгачи, налепници, лостови, пластичната заштита и останатиот потрошен материјал.
Пет (5) години гаранција
HIAB конструкцијата (рамката на дигалката), базата на дигалката, столбот на дигалката, 1 лост , 2 лост, хидрауличните наставки, JIB, мостот со три точки, стабилизаторите и нозете на стабилизаторите се покриени со 5-годишна гаранција или максимално:
- 40000 циклуси на дигалката во S0, или
- 50000 циклуси на дигалката во S1, или
- 100000 циклуси на дигалката во S2, или
- 150000 циклуси на дигалката во S3 и S4,
Важи до истекот на гаранцијата или поминатиот број циклуси (исклучувајќи го бројот на работни часови 3, 4 и 5 година).
Влијанието на стресот при ракување со дигалката се разликува според типот на дигалката согласно регулативата EN13001 и наведено е во упатството за ракување и одржување на HIAB хидрауличните дигалки. За кранови кои немаат бројач на циклуси, овие склопови и компоненти се покриени со гаранција од 36 месеци.
Гаранцијата ги опфаќа трошоците за работен час како и останатите материјални трошоци.
*Ова се однесува на CL и CLX дигалки
ДОГОВОР ЗА СЕРВИСИРАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ
Како додаток на продолжената гаранција, HIAB нуди и посебни поволности со склучување договор за сервис и одржување на HIAB дигалки.
За повеќе информации, контактирајте нѐ преку е-пошта на
office@tehnikahidraulike.com ; info@tehnikahidraulike.com ;
или на следните телефонски броеви 011/3463-094; 011/3463-095
Со почит,
Директор на претпријатието Саша Трајковиќ












