Помош при контрола на движењето на камионската дигалка – CTC (crane tip control)

За да станете професионалец кога станува збор за ракување со камионска дигалка е потребно време. Понекогаш и неколку години за целосно да ги искористите сите придобивки што Ви ги пружаат хидрауличните дигалки. Или барем така било во минатото.

За да станете професионалец кога станува збор за ракување со камионска дигалка е потребно време. Понекогаш и неколку години за целосно да ги искористите сите придобивки што Ви ги пружаат хидрауличните дигалки. Или барем така било во минатото.

Компанијата Техника хидраулике ст во соработка со водечкиот светски бренд HIAB Ви го претставува најновото решение кое во голема мера ќе го олесни ракувањето со дигалка. Со најновата опција CTC - помош при контрола на движењето на камионската дигалка дури и ракувачите без искуство стануваат многу вешти. Оваа опција CTC навистина ги издвојува HIAB дигалките од конкуренцијата.

А што е точно и на кој начин функционира CTC ? CTC е функција која Ви овозможува целосно прецизно ракување со дигалка. Компјутерот со помош на паметен систем ќе го избере најоптималното решение за пренесување и поместување на товарот. Оваа функција придонесува за зголемување на безбедноста на ракувачот, луѓето и предметите во околината. Можеби ова Ви звучи како научна фантастика, но всушност ова е реален пример кога се излегува во пресрет на потребите и барањата на клиентите ! Со примена на едноставна геометрија на возилото и пресметување на хоризонталните и вертикалните движења на дигалката овозможена е апсолутна контрола на движењата. Повеќе не е неопходно посебно да водите сметка за извлекувањето на секој телескоп, сега компјутерот го прави тоа за Вас. На овој начин штедите време ! Ова е многу важно бидејќи овозможува поголем број циклуси за истото потрошено време.

Замислете да можете секој ден да извршите 3 операции повеќе, па кога сето тоа ќе го помножиме со 5 работни дена во неделата, па со 20 работни дена во месецот.... И сами можете да пресметате колку време се штеди и истовремено колку пари можете да заштедите !

За повеќе информации контактирајте нѐ :

Техника хидраулике ст д.о.о. единствен овластен застапник за HIAB производи на територијата на Република Србија

Барање за производ