Ремонт и сервис на хидраулични дигалки и платформи
Сервис на дигалки, кипери, хидраулични уреди.
Неопходно е да се знае дека Техника хидраулике ст е единствениот овластен сервис за дигалки HIAB и кипери MEILLER за територијата на Србија.
Брзиот и квалитетен сервис е овозможен благодарение на документацијата на производителот што ни стои на располагање, високо професионалниот и обучен персонал, специјализираните пробни столови, сервисните возила опремени со уреди за дијагностика и подесување на работните параметри, како и употребата на оригинални резервни делови.
Сервисна документација
Новите технички и конструкциони решенија, применетите хидраулични уреди од најновата генерација, придружната електроника како опција за далечинско управување и електронска контрола на стабилноста и останатите специфичности, ги прават средствата современи, сигурни, безбедни и високо ефикасни.
Од друга страна, тоа бара поседување и совладување на техничката и сервисната документација на производителот.
Документацијата неопходна за вградба на средствата, нивно пуштање во работа, превентивно одржување и сервисирање во текот на експлоатацијата, ја чинат техничките и сервисните упатства, хидрауличните и електро шеми, каталозите на резервни делови и посебните инструкции на производителот. Наведената документација заедно со онлајн пристапот до порталот на производителот, резервиран само за овластени партнери, претставува одлична и преку потребна подлога.
Специјализиран персонал
Применетата технологија, како и континуираното подобрување и унапредување на производите бара високо професионален, добро обучен персонал.Во таа цел, Техника хидраулике ст врши редовна обука на својот персонал кај производителот и ги следи најновите достигнувања од дадената област, што како резултат има висока ефикасност на персоналот. Така обучениот персонал Ви стои секогаш на располагање не само за давање услуга, туку и за давање упатства или совети во врска со експлоатацијата, одржувањето и сервисирањето на производите.
Опрема
Пробните столови за статичко и динамичко испитување на хидраулични уреди, мерните уреди, динамометрите, сервисните возила и останата опрема со која располага нашата работилница се во редовна секојдневна употреба.
Резервни делови
За поправка на средствата ни стои на располагање голем асортиман исклучиво оригинални резервни делови, со чија употреба се обезбедува висок квалитет и долговечност.


